(ГАЛЕРИЈА) Каде живееше Доналд Трамп пред Белата куќа?

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Шик пентхауспот на Доналд и Меланијха Трамп во Трамп Тауер е олицетворение на животот на новиот претседател на САД – раскош, прескап мебел во комбинација со спектакуларен поглед.
Станот е опремен во мебел од масивно дрво, мермер, 24-каратно злато  и гламурозни облоги. Глетката е повеќе од неверојатна, поглед над Централ Парк во срцето на Менхетен .

Стилот на мебелот е инспириран од Луј XIV – Кралот Сонце. Версајскиот дворец по негово време  тоне во раскош, кој некои би го нарекле дури и кич, други – елеганција и совршенство. Прашање на вкус.

За момент Меланија и синот, 10-годишниот Барон Трамп, нема да се преселат во Белата куќа. Тие ќе останат во шик пентхаус, бидејќи во следните 6 месеци претстои завршување на училишната година на наследникот на милијардерот. Тоа нема да ѝ попречи на првата дама да патува до Вашингтон постојано да ги исполнува своите обврски.

Целото живеалиште внатре видете го во галеријата.