Кејт избра многу практичен изглед, за време на посетата на канадската заедница “Bella Bella”.
И покрај лошите временски услови, Кејт беше беспрекорно стилски облечена во сафари-јакна и фармерки, а кога стануваше збор за обувки, таа одбра пар кафеави чизми за кој е проверено дека се класичен хит.
Војводата и војвотката беа топло поздравени од староседелците на “Bella Bella”. 
Таа за прв пат почна да ги носи чизмите уште на почетокот на врската со Вилијам. Исто така, чизмите се појавија во нејзината фотосесија во 2004-та година, кога кралската двојка го посети Бутан и во неколку други прилики.
Изгледа дека тие се нејзиниот омилен пар и дефинитивно ги износила за сите пари, со оглед на тоа што се стари повеќе една декада.