Познатата манекенка наполни 21 година.
Кендал Џенер конечно стана полнолетна, а овој важен роденден беше одбележан со голема забава во ноќен клуб во Холивуд.

На роденденската забава, секако, беа и нејзините сестри, вклучувајќи ја и Ким, која присуствуваше само еден час, бидејќи таа се уште се опоравува од вооружениот грабеж во Париз. Исто така, присутни беа и нејзината најдобра другарка и колешка, Хејли Болдвин, но и поранешните момчиња, пејачот на групата “One Direction”, Хари Стајлс и кошаркарот Џордан Кларксон и други познати личности како Тајга, Крис Џенер, Кејтлин Џенер, Синди Крафорд, Каја Гербер, Шанина Шејк.

По повод нејзиниот роденден, Кендал се потрудила да изгледа особено секси и за забавата избрала многу отворен сребрен фустан со “Swarovski” кристали, што го платила неверојатни 9,000 долари.


