Во последно време, нејзините полуголи и проѕирни аутфити не не изненадуваат, кога станува збор за да се појави во прв ред на модните ревии во Париз. Скоро, па и да нема нешто што Ким ќе стори за да не шокира, освен што овој пат таа повторно го направи тоа
На денешната модна ревија на “Balenciaga”, кралицата на контури, се појави без шминка. Таа претходно не предупреди за нејзиниот план, кога напиша на нејзиниот твитер профил: “Мислам дека нема да носам шминка денес на шоуто на Balenciaga.”
Па така, таа уште еднаш се погрижи да биде во центарот на вниманиото, без шминка и секако без долна облека. Ким носеше секси мантил што го истакнуваше нејзиното бујно деколте и необични црни високи чизми со дезен со бели квадрати, кои на прв поглед делуваа како панталони.
Таа претходно беше забележана на вечера со нејзините сестри и нивната мајка, облечена во проѕирно чипкано издание без долна облека.