(ГАЛЕРИЈА) Киното го претвори Белфаст во топ туристичка дестинација

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Џејми Дорнан, Џилијан Андерсон, Роберт Патинсон и други ѕвезди помогнаа Белфаст да се претвори во нова, жешка туристичка дестинација. Тука се снима хит серијата на BBC “The Fall” со Џејми и Џилијан, освен тоа во периферијата на градот се снима и серијата “Игра на престоли”.096521717e5098c634a5c4b2ba3be16f

Роберт Патинсон, Сиена Милер и Чарли Ханам ќе снимаат наскоро тука нов филм “The Lost City of Z” (продуциран од Бред Пит).

Главниот град на Северна Ирска бележи пораст, откако години со ред беше запоставен. Во Белфаст има од сè – уметност, култура, музика, убав оброк и архитектура. Постојат стари таверни, катедрали, музеи, антички згради, луксузни хотели и најубаво крајбрежје.

Две од атракциите во градот се рибниот пазар и туристичкиот центар “Титаник Белфаст”, каде што луѓето можат да разберат повеќе за изградбата на познатиот брод. На периферијата на градот е родната куќа на Роберт Патинсон.

Северната верзија на Даблин во моментов е многу атрактивна дестинација и милиони туристи избераат да поминат тука еден поинаков продолжен викенд.

Погледнете фотографии од градот во галеријата!