639
Лидерите на политичките парии почнаа да пристигнуваат во Претседателската вила на Водно. Прв на лидеркста средба дојде лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
На средбата кај претседателот Стево Пендаровски поканети се лидерите на најголемите парламентарни партии, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Зијадин Села, Африм Гаши, Билал Касами и Мендух Тачи.
На лидерската освен за недобивањето датум за преговори со Европската Унија, ќе се разговара и за датум за предврмени парламентарни избори, кои вчера на прес конференција ги најави премиерот Зоран Заев.
А.Т.
Фото: Борче Поповски