(ГАЛЕРИЈА) Луксуз за 250 милиони долари: Во најскапиот дом во САД

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Најскапиот дом во САД беше прогласен за продажба за импресивна сума од 250 милиони американски долари.

Куќата е создадена по проект на нејзиниот сопственик – Брус Маковски, целосно опремена е и се наоѓа во престижниот кварт на Лос Анџелес “Бел ер”.

Интересно е дека Маковски го стекнува имотот за 11 милиони долари во јули 2013 година, а продавачот е професионалниот фудбалер и ТВ презентер Мајкл Страхон.

Имотот е со површина од 3800 квадратни метри, има 12 спални, 21 бања, три кујни, шест бара. Освен тоа има тераси и тремови од 1700 квадратни метри, огромен ВИП стан за гости и хелиодроми на покривот.

Имотот што се градел околу четири години, има свое кино, студио за масажи, спа и фитнес центар со инфинити базен, куглана, галерија и винарска визба полна со скапи вина и шампањ.

Освен тоа од ултралуксозниот дом се открива 270-степен поглед кон градот од планините Сан Габриел до Пацификот.

Според некои агенти на недвижности куќата е премногу екстравагантна, за да си најде некогаш купувач.

Видете слики на извонредната куќа во галеријата.