(ГАЛЕРИЈА) „Нашата држава е народот“: Дефиле по повод 8 Септември

од Берта Китинска

Рудари, земјоделци, здравствени работници, пожарникари, млади, припадници на армијата, полицијата, спортот, културно-фолклорните друштва, Црвен Крст, сите тие вчеравечер по повод 8 Септември ден на независноста сплотено ја отсликаа нашата мултикултурна традиција, нашата европска определба, институциите на државата, нашето општество денес, еднакво за сите граѓани.

Премиерот Зоран Заев, пак, вели дека било прекрасно да се видат најзаслужните граѓани рамо до рамо во здружени сили како гордо го претставуваат лицето на Северна Македонија.

„Припадниците на Армијата, полициските службеници, нашите посветени здравствени работници, пожарникарите, земјоделците, рударите, нашите претставници од полето на спортот, културата и фолклорните традиции се верен приказ на нашето општество денес, кое е еднакво за сите граѓани и токму во нашата разноликост и капацитетот да се обединиме како едно – лежи нашата моќ како независна држава – членка на НАТО, со силни европски вредности“, порача премиерот.

Слични содржини