(ГАЛЕРИЈА) Нина Охотина: Кога патувањето станува стилска уметност

од Vladimir Zorba

Нина Охотина, 28-годишна блогерка од Москва има собрано повеќе од 76 000 следбеници на Instagram, благодарение на нејзините модни фотографии снимени од различни страни на светот.

Секогаш кога русокосата ќе застане на нова дестинација, таа се појавува во гламурозен фустан и претставува  бајка.

Таа самата има кажано дека ги прави повеќето од нејзините фустани, а во некои случаи изнајмува тоалети.

Најголемиот дел од фотографиите се направени од нејзиното семејство и пријатели. Меѓутоа, кога патува сама, таа користи статив или бара помош од странец кој ќе го улови.

Нина вели дека патува со фустани во нејзиниот ранец, и кога наоѓа совршено место за фотографија, таа брзо се пресоблекува.

Таа вели дека местата на нејзината листа на пожелни дестинации се Јапонија, Мароко и Канада. Кога Нина не патува по светот со своите убави фустани, работи во ИТ компанија и го поминува слободното време како танцов кореограф.

Прекрасните слики на Нина може да се видат во нашата галерија .

Слични содржини