
Првата дама на САД Мелани Трамп повторно го привлече вниманието. Таа пристигна на Капитол каде, претседателот Доналд Трамп го одржа својот говор “За состојбата на Унијата”.

Сопругата на американскиот претседател ги импресионира сите присутни со стилски облечен бел костум и шармантна насмевка.

Таа пристигна на Капитол одделно од нејзиниот сопруг, за разлика од минатата година, кога првата двојка го патуваше растојанието по Авенијата Пенсилванија во еден автомобил.

Портпаролката на г-ѓа Трамп Стефани Гришам соопшти дека првата дама заминала рано, придружувана од група гости чии лични приказни ја илустрираат агендата на претседателот.

Според зборовите на Гришам првата дама и сопругата на потпретседателот Карен Пенс, за нив во Капитол организирале неофицијален прием и разговарале за неврзани работи.