Канадскиот фотограф Стефан Даглас Расмусен ги сними учесниците на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и спортските модели без облека, пишува Daily Mail. Фотографиите се собрани под името The Bottom Line (Крајна линија), а во нив земаат учество професионални спортисти од различни земји и љубители од модната агенција W Athletic.
“За сликите користев минимално количество детали, сакав да го нагласам на тоа како одреден вид спорт го менува човечкото тело”, објаснува 44-годишниот фотограф.
Расмусен работи хонорарно и во моментов живее во Мадрид, Шпанија. Тој раскажува дека сесијата е снимена за еден ден, за да се постигне оптимален континуитет. Целата била долга околу 18 часа.
“Серијата е истовремено безвременска и чиста, а во тоа ѝ се крие и шармот”, ја опишува уште фотосесијата тој.
Видете ја фотосесијата во нашата галерија.