(ГАЛЕРИЈА) Предлог фустани и додатоци за матурантките

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Инспирирани од убавината на тоалета на црвениот тепих, сакаме да споделиме со вас неколку забележителни стајлинзи.

Тул, свила, сатен, асиметрични линии се само дел од акцентите со кои едни од најпознатите дами во шоубизнисот се обидуваат да блеснат на церемониите.

Цветните мотиви  се задолжителни кога сакате да додадете повеќе нежност и романтика во изгледот. Изборот на накит и чантички е не помалку важен. Балскиот фустан не може да помине без  торба клач.

Со камења, со змиски принт, златно и во различни форми, таа останува класичниот дамски додаток за специјални прилики. Во галеријата споделуваме неколку убави идеи за изгледи за матурска вечер.