ГАЛЕРИЈА: Протест на албанско граѓанско здружение, се бараат правични судски процеси

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Со интонирање на албанската химна пред Собранието се одбележа протестот на албанско граѓанско здружение, што започна од паркот во Чаир. Целта на протестниот марш на здружението е барање на правични судски процеси.

Насобраните побараа правичност во судењата за случаите за Алмир, „Сопот“, „Алфа“, „Диво насеље“, „Монструм“, како и за други судски предмети, кои ги носеа напишани на транспарентите.

Како организатор на протестот се јавува Блерим Ахмети, братот на Ел Чека, а истиот е поддржан и од опозициската Беса, од каде порачаа дека тие не можат да молчат кога има монтирани случаи против Албанците, а власта ја убила надежта за правна држава. Во првите редови на протестот беа и ветераните од УЧК.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини