(ГАЛЕРИЈА) Шик и бело: Во домот на Гвинет Палтроу во Њујорк

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Станот на Гвинет Палтроу во Њујорк личи на пастелна, чиста слика, декорирана во различни нијанси на белата боја, кремасто, сиво, сребро и лавандата.d56f4e8820373be057e5d8f57037d40c

Модерното живеалиште на актерката и сопственичка на суперуспешната онлајн продавница Goop, на прв поглед изгледа прилично софистицирано, но во исто време е удобно, свежо и романтично.

Во станот има многу различни катчиња каде познатата русокоса може да седне и да ужива со двете деца – Епл и Моузес. Внатрешноста е минималистичка, но со класични елементи како мермерни подови и површини, рачно везени позадини и ретро мебел и опрема.

Живеалиштето на ѕвездата се наоѓа во регионот Tribeca во Големото јаболко. Покрај овој дом таа поседува имот во Лос Анџелес и куќа во Лондон, која ја делеше со поранешниот сопруг – Крис Мартин, вокал на групата Coldplay.

Видете ги сликите на елегантното живеалиште на актерката во галеријата.