(ГАЛЕРИЈА) Синди Крафорд – згодна и на 50 години

од desk2
114 прегледи

Синди Крафорд можеби има 50 години, но единствениот доказ за тоа е должината на нејзината кариера.

Со фотосесијата која беше спроведена пред неколку дена, таа му покажа на светот зошто на нејзината генерација модели, им беше додаден изразот “супер”.14241061_995364157256539_328560749_n-1

На фотографијата, која беше постирана на инстаграм од страна на стилистката Елизабет Салвер, манекенката го покажува нејзиниот зачудувачки рамен стомак, облечена во кожна јакна.

Таа не носи ништо под јакната, држејќи ја малку отворена за да може да биде виден мал, но доволен дел од нејзините гради.

На сликата Синди позира со раширени нозе, на кои нема ништо друго освен чизми со вискои потпетици над колена и црни гаќички.

Фотосесијата беше направена од познатиот австралиски фотограф, Расел Џејмс, познат по неговата работа со брендови како “Vogue” и “Victoria’s secret”.14360021_184518458639968_355318182_n

Тој исто така имаше постирано на својот инстаграм профил, фотографија од истиот ден мод Синди заедно со нејзината ќерка, Каја Гербер.

Синди и нејзината ќерка, која премногу наликува на неа, беа забележани во четвртокот вечерта како што пристигнаа пред “Soho House” во Малибу заедно со нејзиниот маж Ранде Гербер.