Покрај доделувањето на британските Оскари, церемонијата на БАФТА наградите, вчера вечер се одликуваа и музичарите. Синоќа беа одржани Греми наградите, чиј домаќин беше Алиша Кис. 
Покрај доделувањето на британските Оскари, церемонијата на БАФТА наградите, вчера вечер се одликуваа и музичарите. Синоќа беа одржани Греми наградите, чиј домаќин беше Алиша Кис. 
Откако Греми наградите лани беа критикувани поради мал број номинирани жени, годинава тие доминираа, триумфирајќи во категориите најдобар албум и најдобар нов уметник.
Кејси Масгрејвс освои вкупно четири награди, меѓу кои и за најдобар албум за „Златен час“, а Дуа Липа беше прогласена за најдобар нов уметник, што се смета за една од четирите најпрестижни признанија. Годинава, за оваа награда беа номинирани шест жени, додека Греми за животно дело повторно добија две пејачки, Дајана Рос и Доли Партон.
Чајлдиш Гамбино испиша историја откако неговиот хит „Ова е Америка“ стана прва рап песна која била избрана за песна на годината. Меѓутоа тој не присуствуваше на доделувањето и иако освои дури 4 награди, ниеднаш не се искачи на сцената.
По скандалот со откажувањето на настапот, Аријана Гранде ја освои наградата за најдобар поп албум.
Но, она што сите ги интересира, покрај музиката, е и тоа кои беа една од најзначајните фустани на црвениот тепих на церемонијата на доделувањето на Греми?
Погледнете во галеријата.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.