181
Од холовите во училиштата на протест со здружението „Зелена револуција“, средношколците побараа итно спроведување на мерките против загадувањето, кои владата прифати да ги спроведе, а беа предложени на претходниот протест.
Протестот предводен од учениците почна од пред Министерството за животна средина, а продолжи кон Собранието и заврши пред владата со неколку говори од насобраните.
„Сакаме да дишеме“, „Нема воздух нема мир“, „Воздух или смрт“, „Уа Профитери“, „Здравјето пред профитот“ и „Бараме мерки“ беа паролите кои граѓаните ги скандираа движејќи се низ улиците во Скопје.
Учениците и порачаа на власта дека секојдневно ќе ги потсетуваат властите дека имаат должност кон граѓаните која не е исполнета.