559
Откако синоќа на социјалните мрежи излегоа фотографии кои беа преземени од дел од порталите, дека за време на пандемијата на коронавирусот без најава се вади каменот од улиците во Старата скопска чаршија, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу изјави дека нема да се уништи Чаршијата, туку таа се ревитализира со 600.000 евра грант од Светска банка и со сите дозволи од Управата за заштита на културното наследство.
Со проектот за реконструкција се предвидува поставување на нов травертин со површина од 1.860 метри квадратни, реставрација на 75 дуќани, поставување унифицирани тенди и натписи.
Фото: Борче Поповски