Токму навреме за претстојната летна сезона и претставување на тековните трендови за сезоната, од Victoria’s Secret го издаваат својот годишен каталог со костими за капење.

Victoria’s Secret Swim го прави своето триумфално враќање со провокативна и секси рекламна кампања.

По три години пауза, брендот замисли што ќе биде модерно во летната мода за 2019 со учество на Сара Сампајо, Јасмин Тукс, Леа Рибеиро и Барбара Палвин.

Во каталогот се прикажани супермоделите во нови принтери и модели, вклучувајќи анимал инспирација, задолжителни цветни елементи и деталинаврзување.

Палетата на бои оваа година ќе ги поплави плажите со неонски и пенливи бои, а модернизираните леопардови принтови го добиваат својот нов изглед со црвени нијанси.

Најдобриот тренд на костими за капење може да се види во нашата галерија.