(ГАЛЕРИЈА) Во новата куќа на Менди Мур

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Манди Мур си купила голема куќа во Пасадена за сума од 2,6 милиони долари.32-годишната актерка, која неодамна ја прероди својата кариера благодарение на нејзината улога во драматичната серија на NBC “This Is Us” (кај нас ја даваат на Fox Life), живееше во Лос Фелис, Калифорнија во текот на десет години, но очигледно одлучила да започне да инвестира.

Манди го продаде минатата година својот дом, кој беше решен во медитерански стил, за да се здобие со куќа која е декорирана во ретро дизајн со мебел од средината на минатиот век.

Мур има потреба да започне нов живот на нова адреса, бидејќи во 2016-та се разведе со сопругот Рајан Адамс.

Според сајтот за недвижнини Redfin, новиот имот на бринетата има 1,45 хектари земја и 360-степен поглед на околината.

Куќата е со француски прозорци, има три спални, три бањи, спа центар и базен. Зградата е дизајнирана од познатиот архитект Харолд Зук, кој почина во 1949 година.

Неговите вили во стил Cotswold се исклучително познати во предградијата на Чикаго.

Видете ги сликите на новиот дом на актерката во галеријата.