Џорџ и Амал Клуни си купија со нов дом во Њујорк, кој е апсолутно олицетворение на луксузот.
Гламурозните сопружници си купија стилско живеалиште во Менхетен неодамна, а нивниот стан се наоѓа во новиот комплекс “One Hundred East Fifty Third Street”, кој претставува стаклен, футуристички облакодер.
Зградата е замисла на познатиот архитект Норман Фостер и ќе биде завршена следната година.
Според медиумите Џорџ и Амал избрале живеалиште на еден од највисоките катови во зградата што ги чинело 65 милиони долари.
Домот на холивудскиот актер и британската адвокатка има прозорци од подот до таванот, а внатре ентериерот е решен во неутрална палета на бои и е опремен со минималистички мебел.
Зградата располага со хотелски удобности, вклучувајќи исклучителен ресторан, велнес центар со базен, сауна, парна бања, јога и пилатес, библиотека и др.
Луксузната зграда е само неколку блока од зградата на ОН, каде Амал често има доста правна работа.
Видете ги сликите на новото живеалиште на сопружниците Клуни во галеријата.