(ГАЛЕРИЈА) Во омилениот јапонски хотел на Џесика Алба

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Не е тешко да се разбере зошто холивудската актерка Џесика Алба е вљубена во јапонскиот хотел Хошиноја кој се наоѓа во Кјото.

Вгнезден меѓу дрвјата со поглед на реката, тоа е навистина одличен начин да се повлечеме од бурнoтo секојдневие.

Пред Vanity Fair актерката вели дека тоа е магично место, а таа е маѓепсана, додавајќи дека сместувањето ѝ одзема многу време, бидејќи не може да престане да се вљубува на околината.

Пристигнувањето во хотелот започнува неколку стотини метри пред рецепцијата. Гостите пристигнуваат со брод од мост низ вода – мостот Тогецукио, познат уште како “мостот што води кон месечината”.

Обезбедени се ќебиња и топла вода, во случај да надвор е студено. Така посетителите се доведени до место со неверојатен зен луксуз.

Официјалниот процес на регистрирање се одвива во една убава соба со високи тавани, каде што посетителите добиваат пенливо вино, заедно со јапонски бонбони и бисквити. Потоа се сместувани во соба.

Слики на хотелот и магичната атмосфера, која ја нуди, може да видите во нашата галерија.