ГАЛЕРИЈА: Водици одбележан во Скопје, скопјанец по втор пат го фати крстот во Вардар

од Vladimir Zorba

По повод православниот празник Водици, денеска на пладне во водите на реката Вардар во Скопје, околу стотина кандидати се фрлија по крстот кој во водите го положи поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан.

Водици 2020

Годинава најуспешен беше Кристијан Ниневски од Скопје, кој по втор пат успеа да го фати крстот. На оваа денешна церемонија присуствуваа илјадници граѓани од Скопје.

Според хрисијанското верувње, се смета дека на овој ден сите води се крстени и исто така, оној што ќе го најде крстот ќе го следи среќа и бериќет во текот на целата година.

Водици е ден на кој според христијанското учење Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте „некрстени денови“, туку и циклусот зимски празнувања, во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Василица и други празници.

Водици 2020
Водици 2020
Водици 2020
Водици 2020
Водици 2020
Водици 2020
Водици 2020
Водици 2020

Фото: Борче Поповски

Слични содржини