Аурора Бореалис е еден од најубавите природни феномени, на кои човек може да стане сведок во даден момент од својот живот.
И иако сегашниот циклус на соларна активност е најслабиот од еден век наваму, сепак во последните години во небото над поларните региони се забележани многу убави боења.
Во периодот меѓу 2013 и 2015 година фотографот Joni Niemelä снима различни северни обојувања (Аурора Бореалис) над неговата родна земја Финска.
Во некои делови на државата можат да бидат следени до 200 “светлосни претстави” во годината.
Постојат многу митови и легенди поврзани со поларната светлина. Според Викинзите светлата се воини кои јаваат коњи во небото.
Ескимите пак веруваат дека сјаењата се светла запалени од добри духови, кои ги придружуваат мртвите на патот кон задгробниот свет.
Без разлика дали ја гледате вие природната појава едноставно како резултат на соларната активност или пак ви се сака да верувате на некоја од легендите, факт е дека северната светлина е многу убава. Затоа би било одлично човек да има можност да ѝ се наслади во живо.
А дотогаш – погледнете во нашата галерија.
Фото: joniniemela.com