
Ако ве прашаат да кажете барем едно познато име на топ модел веднаш ќе ви дојде на мисла името – Синди Крафорд. Таа ги покори сите сцени на модата, дури сега на нејзината убавина и се восхитува целиот свет.
Сепак, има 51 година. Но, во последно време новинарите посветија повеќе внимание на децата на Синди и нејзиниот сопруг Ренди Гербер – синот Пресли Волкер и ќерката Каја Џордан.
Медиумите веднаш забележаа колку тие се убави. Секако, тие имаат добри корени наследени од нивните родители. Синот и ќерката редовно се појавуваат на подиумот, но ако Пресли повеќе се посветува на фотографијата, тогаш без Каја не поминува ниту една пристојна модна ревија.
Веднаш штом девојчето порасна, обожавателите почнаа да зборуваат дека е мала копија на нејзината мајка. Всушност, долгоногата убавица неверојатно е слична со нејзината мајка
Сега може смело да се тврди дека ерата на Хадид е завршена – на модната сцена изгрева нова ѕвезда!
За свои 16 години Каја стана толку успешна што сега злобниците не смеат ниту збор повеќе да кажат дека благодарение на родителите таа е турната во овој свет.
Токму таа ги открива и затвора сите значајни ревии во Њујорк, Милано и Париз.
Каја е неверојатно слатка и нежна. И по неколку години таа ќе стане повеќе женствена, а нејзиниот имиџ радикално ќе се смени. Сега време е да се набљудува како појава – нов супер модел.
На Инстаграм Каја има над 2 милиони следбеници. Самата Каја вели дека не ги избира конкретните фотографии што ги поставува на интернет.
Но, последните фотографии на девојката, ги уплашија нејзините обожаватели. Каја изгледа многу заморена и значително ослабена, па нејзините фанови се сомневаат дека има анорексија.
Фановите на Каја ја повикаа Синди да обрне внимание на здравјето на нејзината ќерка. Мајката самата никогаш не била толку слаба.
Се чини дека Каја е многу заморена од учење и од работа. Самата девојка во неколку наврати изјави дека нема практично време за одмор.