Двете најсекси тенисерки во светот во моментов – Каролин Вожнјацки и Јужен Бушар ги покажуваат своите совршени тела во новиот број на каталогот за костими за Sports Illustrated Swimsuit 2017.
За Данчанката со полски корени Каролин тоа е третата појава во списанието, додека за другата русокоса – 23-годишната канадска спортистка Бушар, ова е прва поголема жешка сесија по костими за капење.
Русите сирени од теренот се снимени од фотографот Емануел Хјогел на островите Туркс и Каикос.
Во новиот број на весникот за капење позираше и најголемата шампионка на женскиот тенис – Серена Вилијамс, но кадрите со Бушар и Вожнјацки сигурно ќе го возбудат во поголем степен машкиот сталеж.
Видете ги сликите на најубавите тенисерки во светот во нашата галерија!