
Жените се попривлечни во група отколку сами, открија научниците од универзитетот Флиндрс во Аделаида, објави “Дејли мејл”. Овој ефект, наречен “ефект на навивање”, ја зголемува индивидуалната привлечност независно од убавината. Освен тоа не е важно каде во групата е застанта или колку атрактивни се другите. “Ефектот на навивање” беше утврден од претходното истражување на тим од Универзитетот на Калифорнија. Научниците од Австралија сакаа да проверат дали можат да ги репродуцираат резултатите.

Во австралиската анкета, 130 учесници мораа да ги рангираат сликите на женски поединци прикажани поединечно или во групи. Кога беа помалку, луѓето беа оценети како многу поатрактивни. Научниците, исто така, го сменија местото на луѓето, но тоа не влијаеше на проценката на атрактивноста. Според британскиот козметички хирург Кристофер Инглефелд, студијата ја зголемува “мистеријата” на атрактивноста.

“Често се стремиме да се издвојува од околните, но ова истражување покажува дека треба да се радуваме кога сме во голема група”, истакна тој.
“Интересно за ова истражување е дека тоа го потврдува фактот за законите на привлекување кои понекогаш дури и одат според математички принципи “. Уште во 15-тиот век Леонардо да Винчи сфаќа за посебниот сооднос меѓу деловите и целината, што тој го нарекува “златен пресек”. “Во суштина најатрактивните пропорции на луѓето го почитуваат посебниот однос што се повторува повеќепати во природата”, додаде Инглфелд.