Раскошните визии и буквално толпата од супермодели во еден кадар се јасниот пецијалитет на Dolce & Gabbana.
Сега од модната куќа се надминуваат дури и себе во новата кампања за пролет-лето 2019. За неа Доменико Долче и Стефано Габана ангажираше седум различни фотографи за да ги снимаат кадрите со новите предлози.
Фотосесијата ни открива добро познати лица кои со годините станаа музите за дуото – Моника Белучи, Хелена Кристенсен, Ева Херцигова и Карла Бруни се само дел од ѕвездите вклучени во кампањата.
Гледајќи ги кадрите и огромните напори вложени во создавањето на кампањата, не можеме да не се запрашаме дали ова не е обид на модната куќа да поврати дел од своите обожаватели.

Самата кампања ги претставува култните за модната куќа богати принтови, масивни апликации, волуменски додатоци и чипкани елементи.
Можете да ги видите сите рекламни кампањски снимки во нашата галерија.