Нема отстапувања- Груевски мора да даде оставка, затоа сме тука велат камперите на десетиот ден на протестното кампување пред владата.Повремено ечи повикот „ Оставка, Оставка“ и пак продолжува камперскиот живот. А тука се редат протестниот полумаратон „Маратонците за социјална правда“, разговори под шатор: “Социјално претприемништво – можност за вработување на тешко вработливи лица”, обраќања за социјална правда, “Сите бои на слободата”, Финале од ликовната работилница организирана од Цивил.
Тука беа и како диџеј сетови ,настапите на Петре Шилегов и Атанас Бојчев , кои беа дел од програмата на 10-тиот ден од кампувањето пред Владата.
Многу инрересни разговори со камперите кои не отстапуваат од целта за која се тука. Оставка од премиерот Груевски а се останато потоа ќе се преговара и договара. Тука никој нема дилеми дека процесот е тежок, и треба трпение но сепак велат ова мора да има крај.
Многу познати поранешни државни функционери и политичари, бизнисмени, новинари, пратеници синоќа полемизираа и ги анализираа актуелните сотојби. Веќе е константа дека тука е целото партиско раководство со лидерто Заев кои беа буквално растргнати да седнат пред секој шатор да се поздрават со секој човек , кампер или посетител на Кампот на Слободата.
.КЗЖ (Културно забавниот живот ) как за камп одличен ,со ди џеи, маратон, изложба…










