Галески: Ова е нашата земја и никој нема да ни ја направи достоинствена ако не ја направиме ние

Галески, како што се нарекува „дете на транзицијата“, вели дека „генерацијата што преживеала, сега мора и да создаде“.

од Vladimir Zorba
15 прегледи Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ

Луке Галески, член на Извршниот комитет и Директор на Центарот за Комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, упати Отворено писмо до „нашата генерација и изборот пред кој седиме“.

Галески, како што се нарекува „дете на транзицијата“, вели дека „генерацијата што преживеала, сега мора и да создаде“.

„Затоа, на генерацијата што ги преживеа деведесеттите, ги издржа разочарувањата од сите транзициски и посттранзициски илузии, и која денес стои на прагот меѓу замор и надеж, на мојата генерација, сакам да им порачам, време е за пресврт. Јас нема да останам во оваа работа ако гледам дека не оди и не можам повеќе, но се обидувам и ќе се обидувам да се борам! И мора да се бориме заедно. Не со револуции на улица, туку со револуција на карактерот. Да ја играме играта на политиката не како циници, или како некој што сака да злоупотреби за лични цели, туку како луѓе што знаат зошто веруваат. Да го направиме изборот, не мора за партија, туку за смисла. И свесен сум дека овие избори секоја од тие поддршки за ВМРО-ДПМНЕ носи очекувања и надеж за работите кои уште не ги виделе, а се надеваат да се реализираат. Таа поддршка носи и порака во себе на надеж која мора да се оправда во времето кое следи“, смета тој.