„Тоа е изградба на цел капитален објект, кој верувам ќе биде најпосетен. Цената за влез ќе биде 50 денари, а посетата ќе биде временски неограничена. Дино-паркот ќе биде во склоп на Зоолошката градина, но ќе биде одделен објект, со посебен влез“, изјави директорот на Скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски за емисијата „Утрински брифинг“.
Во врска со смртта на жирафата Тобого, Галетановски изјави дека сите вработени се погодени и изненадени.
„Немаше показател дека ќе дојде до срцев удар. Сепак, резултатите од обдукцијата се уште не се пристигнати и повеќе ќе дознаеме во неделава што следува. Многу тажен момент“, вели тој.
Во однос на активностите во градот, директорот смета досега градот Скопје бил силуван и дека многу е направено во последните години.
„Потребни се уште година до две, за да се врати се во нормала. Сигурен сум дека ова раководство ќе добие уште еден мандат на следните локални избори“, истакна Галетановски.