Иако новата сезона на мегапопуларната серија “Game of Thrones” ќе има најмалку епизоди досега, продуцентите имаат полни раце работа како и во претходните сезони.

Како што откриваат актерите, осмата сезона ќе се снима до идното лето, а емитувањето на првите епизоди ќе започне во 2019 година. Лијам Канингам, кој го глуми сер Давос во серијата, изјавил за “TV Guide” дека новите епизоди дефинитивно ќе бидат подолги и потензични.