Во врска со соопштението на ДУИ за нивната загриженост за наводните злоупотреби на јавните набавки, сакам да порачам дека очекувано е да ги ставите на тапет сите оние кои мислат поинаку, но тоа нема да ви помогне да си ги сокриете сите коруптивни скандали и гревовите кои ги направивте на албанскиот народ, се вели во реакцијата на Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир, за обвинувањата на ДУИ.
„Исто така, сакаме да ја информираме пошироката јавност дека апострофираната компанија Бауер БГ, од Владата на РСМ во актуелната 2023-та година има добиено тендер во вредност од 6.5 милиони евра. Од Министерство за Образование и Наука истата компанија има добиено тендер во вредност од скоро 2 милиона евра, додека од Министерство за животна средина над 1 милион евра, од Агенцијата за храна и ветеринарство над 8 милиони евра, од Министерството за труд и социјална политика 2 милиони евра, севкупно околу 20 милиони евра.
Ние, како Општина Чаир најтранспарентно ги покануваме сите релевантни институции да го истражат овој случај, каде ќе се потврди дека и средствата во Општина Чаир се наменски доделени од Владата на РСМ, која како што може да се заклучи редовно склучувала договори со гореспоменатата компанија. Во овој дух, ние инсистираме истражувањето од компететните институции да продолжи и во сите други институции раководени од ДУИ, особено во Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците со која раководи Артан Груби како и Државна Лотарија на РСМ со која што раководи десната рака на Артан Груби.
Може да заклучиме, ова ниво на паника докажува само едно нешто, дека ДУИ ќе изгуби во наредните избори и сите луѓе вмешани во валканиот коцкарски бизнис и другите скандалозни зделки кои беа обелоденети од медиумите во минатиот период ќе одговараат пред органите на правосудството. Промената доаѓа!