Грција е под силен притисок да го предаде управувањето на своите граници на ЕУ.

еу

Европската комисија се подготвува да ја повтори заканата против Грција за излез од Шенген, ако земјата не ја подобри контролата на своите граници до мај. Ова се наведува во нацрт на извештајот на ЕК, цитиран од британскиот весник. “Гардијан”. Акциониот план на комисијата е изготвен пред вонредната средба на ЕУ и Турција на 7 март. Грција е под силен притисок да го предаде управувањето на своите граници на ЕУ, бидејќи се отежнува справувањето со големиот број мигранти на своја територија. Според последниот план властите во ЕУ ќе одржат инспекција на грчките граници во средината на април, за да проценат дали се врши соодветна контрола. Конечната одлука за местото на Грција во Шенген треба да биде донесена во мај, наведува уште “Гардијан”.

бегалВо извештајот на комисијата, исто така, се повикуваат европските држави да ги соберат нивните внатрешни гранични контроли пред крајот на оваа година, за да се спаси од уништување “врвното достигнување” на Шенген зоната за слободно патување. Од септември 2015 година осум земји од 26-члената Шенген зона  ги вратија граничните проверки. Според нацртот , виден од “Гардијан”, овие контроли го  “ставаат под прашање правилното функционирање на зоната. “Време е земјите-членки да се обединат во име на заеднички интерес да  заштитат една од совршеностите на Унијата”, се вели во нацртог, кој треба да биде објавен денеска. Комисијата сака земјите-членки да ги повлече  своите гранични контроли “што е можно поскоро” како целниот датум е ноември 2016 година.

Брисел исто така наведува дека е потребен засилена контрола на надворешните граници на ЕУ, и  се подготвува да го повтори предупредувањето за излегување на Грција од Шенген. Во извештајот исто така се потврдува и намерата на ЕУ да направи ремонт на правилата за азил. Според сегашните закони, познати како Даблински систем, мигрантите треба да поднесат барање за азил во првата земја од ЕУ, на чија територија доаѓаат. Според извор од ЕУ засега се  нема одлучено за заменици на Даблинските договори. Во средината на март комисијата ќе ја претстави листа на предлози за реформи на политиката за азил на ЕУ.

Одделно “Гардијан” наведува дека комесарот за хуманитарна помош на ЕУ се очекува денеска да соопшти дека во рок од три години Унијата ќе потроши 700 милиони евра за бегалците во Западен Балкан. Претходно онлајн медиумот “ЕурАктив” соопшти дека денеска ќе биде примен нов план, кој има за цел да обезбеди хуманитарна помош за мигрантите, кои се наоѓаат на територијата на ЕУ. Комисијата ќе предложи регулирање на давањето на вонредна хуманитарна помош во рамките на ЕУ,  и ги  менуваат вообичаените правила кои го  предвидуваат овој вид помош да се испрати само во земји надвор од Унијата. Според текстот на документот, виден од “ЕурАктив”, комисијата проценува дека ќе бидат потребни 700 милиони. Евра во текот на следните три години за справување со хуманитарните потреби на Европа “најмногу во земјите од ЕУ за балканскиот правец”. Во оваа 2016 година ќе бидат обезбедени 300 милиони евра, а во следните две години – 2017 и 2018 година, соодветно по 200 милиони евра.

Слични содржини