Бројот брани што се во изградба на Западен Балкан во последните две години порасна за 300 отсто, што предизвикува страв од исчезнување на планинските реки и губење на биодиверзитетот, пишува The Guardian.

Од Словенија до Грција планирана е изградба на близу 2.800 нови брани, од кои 37 отсто ќе бидат изградени во заштитени подрачја и национални паркови.
Улрих Ечелман, претседател на организацијата RiverWatch, изјави дека поголемиот дел од проектите на планинските подрачја, во помал размер, имале катастрофално влијание на природата.
„Се пренасочува водата преку цевководи далеку од реките, оставајќи зад себе канали на места каде се наоѓале реки. Тоа е катастрофа за локалното население и за животната средина. За многу видови риби и инсекти тоа е крај“, вели тој.
За време на годинешната експедиција на 25 научници, во албанската река Војуша најден е посебен вид риба Isoperla Vjosae која до сега и била непозната на науката. Се смета дека овие риби, како и лососот од Дунав и пастрмката од Преспанското Езеро веќе се во опасност од она што Ечелман го нарекува „цунами од брани“.
Во научниот извештај, реката Војуша опишана е како единствен и динамичен еколошки рај за многу водни видови кои настанале ширум Европа.

„Се очекува повеќето вакви одржливи заедници да исчезнат како резултат на планираните брани за хидроелектрани“, се вели во извештајот.
Меѓутоа, Демијан Ѓикнури, албански министер за енергетика, за Guardian вели дека планираните диви мега брани на реката Војуша ќе им овозможи на рибите да преминуваат преку обиколници или рибји патеки.
„Овие проекти се засновани на на добри еколошки практики кои се применуваат денеска за да се намали ефектот на високи брани на циркулацијата на водната фауна“, додава тој.
Ѓикнури го оспорува извештајот и вели дека во Албанија се изградени само две високи брани, а останатите се речни хидроелектрани.
Освен на речниот живот, наведените брани може да г загрозат и луѓето. Во 2012 година судирите меѓу големите енергетски компании и малите фармери доведоа до едно убиство обид за убиство, според студијата финансирана од ЕУ. Забележани се три смртни случаи поврзани со десетици апсења поврзани со проектите за хидроелектрани во Албанија.
Албанија е водечка по бројот на брани во изградба, дури 81, следат Македонија, Србија и БиХ со 71, а Србија има во план уште 800 проекти.
Ѓикнури рече дека албанската влада работи на прогласување национален парк на делот каде се наоѓа реката Војуша низводно од планираната брана Каливачи во висина од 50 метри, за да се сопре понатамошната изградба на брани.