Гардијан: Околу 98 отсто од Европејците дишат штетен воздух, најтешко погодена е С. Македонија

од Nikola Popovski
373 прегледи

Околу 98 отсто од европските граѓани дишат отровен, многу штетен загаден воздух, кој е поврзан со околу 400.000 смртни случаи годишно, а најтешко погодена е Северна Македонија, се наведува во резултатите од анализата на британскиот дневен весник Гардијан.

Европа се соочува со „сериозна криза по јавното здравство“, при што речиси сите ширум континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот, покажа истрагата на „Гардијан“.

Анализата на податоците собрани со користење на најсовремена методологија, вклучувајќи детални сателитски снимки и резултати од мерење од повеќе од 1.400 станици за следење на квалитетот на воздухот, открива страшна слика за загадениот воздух што го дишат приближно 98 отсто од луѓето живеат во области со високи концентрации на штетни честички.

Според пишувањата на британскиот весник, најпогодена земја во Европа е Македонија, каде што речиси две третини од луѓето живеат во области со повеќе од четири пати поголемо загадување од упатствата на СЗО, а четири предели имаат загаденост на воздухот речиси шест пати повеќе од упатствата на СЗО, вклучувајќи го и главниот град Скопје.

Графиконите та на Гардијан покажуваат дека Полска и балканските земји се меѓу најзагадените области.

Слични содржини