Соединетите Американски Држави (САД) ги купиле скоро сите резерви на лековите ремдисивир во наредните три месеци, пишува денес британски „Гардијан“.
Поради ваквиот потег на САД, лекот што помага во закрепнување од Ковид-19 скоро и да не е достапен во Велика Британија, Европа и повеќето земји во светот.
Ендрју Хил од универзитетот во Ливерпул изјави дека САД имаат пристап до скоро сите залихи на ремедивир, „така да не останало ништо друго за Европа“.
Експертите и активистите предупредуваат на ваквиот потег на Вашингтон во случај вакцината против вирусот корона да стане достапна.
Пред пет дена, Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача одобрување на „условно ставање на пазарот“ на ремдисивирот во Европската унија.
ЕМА цитира студија која покажала дека пациентите со коронавирус третирани со ремдисивир се опоравиле побрзо од другите пациенти кои не земале антивирусниот лек.
Употребата на ремдисивир, кој се користи за лекување на хеморагична треска, е дозволено во болниците во САД и Јапонија.