
Шкотската економија се соочува со годишни загуби од 16 милијарди фунти поради излезот на Велика Британија од ЕУ. Ова стана јасно од предвидувањата на шкотската влада, која е цитирана од страна на Гардијан.
Во новата анализа се предупредува дека “тешкиот” Брекзит, при што Велика Британија ќе се потпира само на правилата на Светската трговска организација, ќе ја чини Шкотска 12,7 милијарди фунти и ќе причини реален пад на приходите на домаќинствата за9,6% или 2.263 фунти по глава на жител.
Ако Британија остане во ЕУ, нејзината економија ќе се зголеми за 2,4%. Овој раст ќе додаде 3,6 милијарди фунти за економијата на Шкотска, покажува анализата. Одлуката да се напушти ЕУ ќе ги чини Шкотланѓаните 16 милијарди фунти, што е повеќе од 10 отсто од БДП на земјата.
Првиот министер на Шкотска, Николас Старџан, изјави дека извештајот покажува дека Британија треба да остане дел од единствениот пазар, но додаде дека нејзината влада претпочита полноправно членство во Европската унија.
Иако расте поддршката за втор референдум за ЕУ, првиот министер истакна дека најголемата можност за спречување “тешкиот” Брекзит доаѓа од коалицијата на опозициски партии и анти-Брекзит конзервативци кои го поддржуваат членството во единствениот пазар.
Анализата вклучува три сценарија и потенцијалното влијание врз економијата: останување во единствениот пазар, склучување договор за слободна трговија како тоа меѓу Канада и ЕУ и враќање на основните правила на СТО.
Старџан предупреди дека сите опции ќе влијаат врз економијата. Членство во единствениот пазар ќе доведе до 2,7% намалување на БДП (688 фунти помалку по глава на жител), со договор за слободна трговија се предвидува 6,1% пад (1.610 фунти по глава на жител) и со правилата на БДП ќе се намали за 8,5% (2.263 фунти помалку на човек).