Гарванлиев се извини за спотот: Немав намера да повредам никого, горд сум на проектот

од Nikola Popovski
410 прегледи

„Сакам да ја искористам оваа можност да и се заблагодарам на Европа и на светот за неверојатниот одговор, реакциите, пораките, љубовта и поддршката. За жал, изминатиов викенд работите зедоа поинаква насока во мојата прекрасна Македонија и моравме повторно да го отстраниме и да го поставиме видеото (поради погрешно толкување на триптихното уметничко дело на ѕидот)“, напиша на својот Фејсбук профил, македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев, коментирајќи го повлекувањето на спотот за песната „Here I Stand“ со која ќе ја претставува нашата на претстојното издание на Евровизија што ќе се одржи во Ротердам во мај.

Тој вели дека е музички амбасадор, а во музиката нема религија, политика, ориентација, раса или боја.

„Немав апсолутно никаква намера да повредам некого. Сосема спротивното! Јас сум толку горд на овој проект кој не само што ме отелотворува мене, туку и мојата земја и култура, музичарите и уметниците во галеријата.
Не се извинувам што сум јас. Никогаш нема, немав избор во тоа. Како и да е, ако повредам НИКОЈ на кој било начин, од дното на моето срце … жал ми е. Простете ми“, вели Гарванлиев.

Се уште нема официјален став во врска со случајот од Македонската телевизија, носител на лиценцата за учество на „Евровизија“.

Слични содржини