Гарванлиев за ДВ: Ова е лекција која ќе ја памтам цел живот

од Vladimir Zorba
504 прегледи

Ова е лекција која ја учам, ќе ја научам и памтам цел живот. Жално е што кај нас политиката е вмешана буквално во секоја сфера, а сите ние ги знаеме последиците од сето тоа, вели во интервју за ДВ македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев по лавината реакции на јавноста за двојното државјанство.

„Видете каква година поминавме, Ковид. Да, најлесно е да кажеме откажи го тој натпревар, откажи го тој настан, но што ќе постигнеме со тоа? Клучот за мене е човечноста. Што имаме да кажеме. Да може да застанеме и… што, што ќе биде. Не! Време е да застанеме заедно, да тргнеме сѐ настрана. Уметноста, музиката и спортот е тоа што ја води и крева една нација. Свесен сум што доаѓа во мај за мене. Застанете со мене, зошто јас застанувам за вас. Песната не за џабе се вика „Овде стојам“. Поминав многу, многу, овде стојам со отворено срце, ѕидови се урнати и ви се давам вам. Пејам за вас, пејте и вие со мене“, истакнува Васил.

Вели дека е роден во Македонија и дека е еден од најгордите Македонци. Но факт е,како што вели, фамилијата не си ја бираме, роднините не си ги бираме.

– Мојата баба, мајка на мојот татко, кои не се со нас, е родена во село надвор од Петрич. Не се извинувам за тоа, горд сум и на тоа. Јас сум Македонец. Каде и да настапував, пред и позади сцена, Чикаго, Лондон, Париз, сите ме знаат како Македонецот Васил Гарванлиев. Музиката, тоа е мојот искрен пасош. Јас сум амбасадор на музика, полн со приказна, корени и нема никогаш да се извинам за тоа, посочува Гарванлиев.

Слични содржини