Гарванлиев: Сајбер булингот се уште трае, почнав да се будам со илјадници пораки

од Берта Китинска

Се вратив во Македонија пред три години затоа што верувам во нашиот талент, во нашите корени. 2019 се одлучи претставникот на Евровизија секоја година да ја отвора Парадата на гордоста, вели за Утрински Брифинг македонскиот претставник на годинашнава Евровизија, Васил Гарванлиев, ќе ја отвори втората „Парада на гордоста“ што ќе се одржи на 26 јуни во Скопје

-Требаше лани, но светот како што знаеме лани застана. Се чувствувам безбеден, но има мала резерва кај мене од март кога настана целиот скандал после спотот. Почнав да се будам со илјадници пораки, но признавам дека до ден денес тој сајбер булинг не е престанат, изјави Гарванлиев.

Тој вели дека уметниците треба да се неутрални во секоја сфера.

– Ја имаме таа одговорност да бидеме глас за сите оние кои немаат глас. Од тоа не се плашам, ме бодри и ми дава надеж. Ако успеам да направам чекор кој на младите генерации да живеат слободно без да се плашат да направат чекор и да бидат тоа што се, тогаш јас сум среќен. Годинава слоганот на Парадата е „Вон ѕидовите“, вели Гарванлиев.

Слични содржини