Уверувам дека и по 1-ви јануари ќе има парно и струја за граѓаните, како и гас за компаниите. Постојано работиме од првиот ден на оваа Влада во градот Скопје да има парно и непречено снабдување со електрична енергија, нагласи денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Утрово „ЕСМ продажба“ објави нов повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои можат да обезбедат и испорачаат потребни количества на гас за производство на топлинска енергија за топланите, како и за преостанатите потрошувачи на природен гас во државата.
Како што посочи премиерот, повикот на ЕСМ е од отворен карактер и во однос на количествата и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите. Се однесува за период од 1 јануари до 30 април 2023 година.
0Според она што го имаме како информација во Владата од надлежните министерства, пред се од Министерството за економија, веќе имало заинтересирани снабдувачи на гас и денеска тие водат разговори со министерството, посочи Ковачевски.