Во албанскиот политички блок потребна е политичка партија која е десно од центарот и ги претставува албанските гласачи кои се поконзервативни, доколку повеќе што е важно и битно во нашето општество да се креира култура на почитување на различностите и така од држава која се проколнува себе си што е различна, можеби ќе станеме држава која се гордее со таквите различности, изјави во Утрински брифинг претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
Според него бројот на пратеници и советници не е индикатор за големина на партија.Гаши вели дека ДУИ по 20 години владеење веќе се во залезот.
-ДУИ е како пандемијата. После 20 години владеење и самите знаат дека се во нивниот залез. Кога нема да бидат во Владата нема да постојат. Ова го зборам со жалење, бидејќи не е добро ни за партијата, ни за државата, ни за Албанците, бидејќи секои 10 години градиме нови партии.Ниту лично, ниту како партија не сме склони на политички постапки кои алудираат на блокада на инаетење, на кревање на политички тензии, но знаете дека нашата блокада во Собранието почна како одговор на блокадата на ВМРО-ДПМНЕ. И кога се отдстрани таа блоакда ние веднаш ја отстранивме нашата. Во однос на фингерпринтот имаше најави дека во планисните делови ќе го нема, а за нас тоа е најбитно. Во планинските места, особено во албанскиот дел има луѓе кои се регистрирани во одредени села а не живеат таму и секогаш од 7-8 сабајле ДУИ е во плус 20-30.000 гласа заради отуство на тој фингерпринт, вели Гаши.