204
Ние сме кажале дека тоа е интерес на сите граѓани, да нема брзи избори. Нормално за такво нешто нема гаранција, бидејќи секогаш можат да се соберат 61 пратеник и да одлучат да се распушти Собранието, кажа лидерот на Алтернатив, Африм Гаши пред средбата со премиерот Зоран Заев.
-Сакаме Влада која до 2024 година ќе ги отвори преговорите со ЕУ и ќе направи напредок или да бидеме членка на ЕУ или да бидеме при крај, кажа Гаши.
За тоа, дали Димитар Ковачевски е прифатливо име за премиер на државата, Гаши вели: „Не е одговорно ние да бараме од друга партија кој ќе биде мандатар или премиер. Тоа е работа на СДСМ и тие треба да одлучат за тоа“.