Гаши: Очекувам да бидеме дел од владата, јасно кажавме кои се нашите позиции

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши е оптимист дека ќе се формира нова влада и пред истекот на 20-те дена по доделувањето на мандатот, како и дека нивната коалиција со Алијансата за Албанците ќе биде дел од неа.

-Сепак, до мандатаорот е и до бројките. Би сакал тоа да сме ние, но не сме во позиција сега да преговараме ниту да наметнуваме. Нашиот дел е кажан, јасно сме кажале кои се нашите позиции. Коректно сме позиционирани и во однос на ДУИ и во однос на македонските политички партии, не сакаме никого ниту да фаворизираме, ниту да хендикипираме. Мислам дека е многу битно затоа што минатата влада и сите минати влади бевме исправени пред многу тешки предизвици и прашања како решавање на спорот со името, Договорот со Бугарија… Сега првпат мислам дека бродот ќе ни заплива во помирни води, не дека внатрешните прашања се помирни, но навистина крајно време е да се занимаваме со најсуштествените работи кои ги задираат најдлабоко интерсите на граѓаните – економија, здравство, правна држава, образование, .. рече Гаши во гостување во емисијата „Само интервју“ на ТВ канал 5.

Оптимист сум, наведе, дека ќе се направи влада, добра влада. Очекувам дека ние ќе бидеме дел од таа влада, ако успееме нашите програмски определби и предизборни ветувања да ги ставиме, да бидат дел од изборната програма. Очекуваме дека ќе дојде многу интересен момент, каде ќе треба да работиме сите заедно и да покажеме дека треба да престанат некои практики на политичко одмаздување и внатрешна битка, рече Гаши.

Слични содржини