Гаши: Прво ќе зборуваме со ВМРО-ДПМНЕ и АА, а потоа ќе одлучиме дали ќе влеземе во Влада

од Nikola Popovski
648 прегледи

На прашањето дали би ја прифатиле понудата на СДСМ за да влезат во Влада, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши вели дека тоа прашање се поставувало повеќе од една година, односно после завршувањето на парламентарните избори.

-Ние докажавме дека сме верни на гласачите и на нашите коалициски партнери Алијанса на Албанците. Истиот ритам и рефрен се повторува и сега. Принципиелно е ние дискутираме прво со ВМРО и АА. Да видиме кој е нивниот концепт за развој на понатамошните процеси за тоа како гледаат тие. Ако имаме заеднички точки, мислам дека ќе продолжиме да биде конзистентни во тоа што сме биле досега, рече Гаши во емисијата „360“.

Според него, можниот датум за почеток на преговорите со ЕУ, би можела да биде една од причините за да размислат за „промена на страната“.

-Дадов само неколку индикации што е нешто во поголем интерес на граѓаните. Мораме да дискутираме во партиските органи. Да видиме каков контекст ќе се создаде, но нормално и што ќе кажат нашите гласачи, посочува лидерот на Алтернатива.

-Доколку нема гаранции и доколку нема нов контектс, ние не можеме да мислиме за промена на страна. Ќе бидеме отворени за преговори со сите, заклучува Гаши.

Слични содржини