Гасол се мисли помеѓу НБА и втората шпанска лига

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Марк Гасол се уште чека нов договор во НБА, а во случај 36-годишниот кошаркар да не биде ангажиран во најсилната кошаркарска лига во светот, би можел да се смести во втората шпанска лига.

Шпанска „Марка“ пишува дека помладиот Гасол би можел да игра за Жирона, клуб кој постои од 2015 година и кој е во негова сопственост. Така, Гасол ќе ја одигра својата последна сезона во неговата Жирона, каде што ќе ја заврши богатата кариера.

Инаку, во претходната сезона, Жирона заврши на 14 -тото место во втората лига на Шпанија.
Гасол порасна во Барселона, по што играше за клубот наречен ЦБ Жирона (сега КБ Сент Жозеп), по што следеше преселба во Мемфис.

По Мемфис, тој играше за Торонто Репторс и Лос Анџелес Лејкерс во најсилната кошаркарска лига.

Слични содржини