Пау Гасол кариерата ја продолжува во Барселона, пренесоа денеска европски и светски медиуми.

Самиот играч во текот на вечерта изјави дека ништо од ова нема да се случи: „Откако ги слушнав вестите од Шпанија, сакам да кажам дека сум фокусиран само на закрепнување и дека сè уште не сум подготвен да се вратам да играм кошарка. Кога ќе имам нешто слично да објавам, ќе го сторам тоа преку моите профили на социјалните мрежи. Ви благодарам на сите за поддршката“.

Пау Гасол имаше одлична НБА кариера и ги носеше боите на Мемфис Гризлис, Лос Анџелес Лејкерс, Чикаго Булс, Сан Антонио Спарс и Милвоки Бакс.

Со „езерџиите“ има и 2 шампионски прстени.

Слични содржини