Гатузо: Ние не сме како Бред Пит, Милан е грд како мене

од Vladimir Zorba

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо направи интересна споредба на тимот пред средбата со Удинезе во неделата (15:00 часот).

Милан нема пораз во шест натпревари од почетокот на годината, а Гатузо ги предупрди играчите да не се вообразуваат и да не заборават на слабиот старт на сезоната.

„Треба да останеме цврсто на земја, а не да летаме во облаците. Не сме постигнале ништо и треба да продолжиме да работиме. Во моментов играта не ни е како Бред Пит, туку е грда како мене и мојата црна брада“, објави Гатузо.

Слични содржини