418
Млад скопјанец кој свирел во кафеана, пријавил во МВР дека сопственикот на угостителскиот објект го нападнал и му го скршил инструментот. Сопственикот на објектот и договорениот музичар се впуштиле во физичка пресметка, а инцидентот се случил пред три дена.
-На 3.3.2024 во 00.30 часот во СВР Скопје, К.Т.(29) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во скопското село Марино, по претходно недоразбирање, бил физички од сопственикот на објектот, кој му го оштетил и музичкиот инструмент, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.